Костадинов: Наум Стоилковски го открил Фејсбук, па стари објавени видеа ги продава како голема вест

 

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ на Фејсбук објавува дека видеата што утринава ги објави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски се стари.

„Гледам Наум Стоилковски го открил Фејсбук, па стари објавени видеа ги продава како голема вест. Очајно. Кога немаш програма, немаш понуда за граѓаните ништо друго не им останува на изгубените од ВМРО-ДПМНЕ освен лажни вести. За рекет и Зоки Кичеец го утнал човекот, нека провери тоа со Мицкоски, тој му даваше задачи да одработува за ВМРО-ДПМНЕ, знае јавноста.

Добро знаеме сите чија професија е рекетарството, кога сеуште сте во прегратките на Груевски и Мијалков.

Од друга страна ќе пробам да го разберам комплексот на вмро дпмне.

Тешко е кога нема кој да те викне во ресторан, па фрустрациите ги лечиш со нормалноста на луѓето“, пишува Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега