ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се фокусирани само на рекет, не ги интересира пандемијата

 

Заев и СДСМ се фокусирани на поткуп и лично богатење. Не ги интересираат стотиците новозаразени и ширењето на епидемијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Вчера јавноста слушаше како се тргувало со правдата со баснословни суми од милиони евра, а од друга страна Македонија е земја во која здравствениот систем е на колена поради неодговорноста и несериозноста на Заев и СДСМ. Во последното деноноќие има нов црн биланс во кој заболени се 156 лица, а починати се 6 лица. За жал поради ваквите бројки кои не се симнуваат со недели Македонија има втор пик и втор бран од епидемијата со корона вирусот. Сето тоа е поради вирусот Зоран Заев кој го девастираше целиот државен систем во овие три години.

Македонија сега е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Само од почетокот на јуни има повеќе од пола вкупно заболени во државата од епидемијата до сега, што се должи на лажната нормалност која Заев и СДСМ ја промовираа и водеа пред време кампања изложувајќи ги граѓаните на ризик.

На 15-ти јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе бидат поразени короната и вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами.

Македонија не заборава, и Македонија ќе победи! Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата“, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега