Силјановска Давкова: Државите кои имаа силни институции подобро се справија со пандемијата
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1, Гордана Силјановска Давкова во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ истакна дека пандемијата на коронавирусот беше еден вид тест за државите.
Таа посочи дека оние држави со силни институции, добра администрација и квалитетно јавно здравство подобро се справија со кризата за разлика од Македонија.
-Ако ви е болна државата тогаш не е отпорна. Имунитетот е ослабен и коронавирусот беше лакмус, беше тест за демократскиот капацитет на државите. Сигурно забележавте државите кои што имаа силни институции, добра администрација, добро јавно здравство полесно се справија. И државите кои беа хибридизирани, авторитарни не се справија добро. Зошто? Зошто со политика не се решава болест. Лекот не може да биде политички. Се покажа дека кај нас и телото кое што требаше да биде персонификација на здравствена политика сигурно беше под притисок над другата политика на власта. И ние доживеавме еден феномен кој што не ни е познат. Некој ќе рече одговорен министер за здравство превзема на себе улога на портпарол за да им објасни што се случува, како ќе се справуваме со тоа, но јас повеќе би сакала политичар кој ќе го соблече министерското одело ќе го облече мантилот и ќе оди да помогне. Но кога чувме како говори претседателот на Комисијата за заразни болести како говори зошто тој што требаше да настапува и да објаснува што прават што ќе превземат го немаше, истакна Силјановска Давкова.
Вели дека во Македонија мора да запре процесот на поделби во општеството. Наместо да се разговара за етнички прашања таа посочува дека ни е потребен граѓански концепт и дискусија за прашањата кои се од суштинско значење за граѓаните.
Според неа барањето на ДУИ за премиер Албанец е само продолжување на процесот на босанизација на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа