ВМРО-ДПМНЕ: Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев

 

Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев. Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека народот кубури, ИГМ Еленица на Заев доби помош од државата за исплата на плати, компанија која во 2018 година имала приходи од над 5 милиони евра. Заеви кои врти милиони не сакаат да дадат дел од милионскиот колач за работниците, кои ги создале тие милиони, а земаат минимални плати. На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС, се вели во дописот од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев ги фали мерките, само затоа што со нив се полни неговиот и џебот на Анѓушев.

-Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега