Маричиќ: Нема да дозволиме бесконечно кочење на работите, час поскоро да има избори
Правниот циркус настана затоа што ние сакаме да го свикаме Собранието, за да се избегнат сите овие дилеми околу правната разврска, околу изборите и сите добро знаеме кој беше против негово свикување, рече главниот технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим Бојан Маричиќ, во вечерашната емисија „Еуро фокус“ на ТВ Телма.
Кога и да заврши вонредната состојба, вели Маричиќ, после 22 дена ќе има избори. Може да се воведат специфични мерки за изборниот процес, ние веќе така функциуонираме во услови на пандемија.
-Од септември имаме многу предизвици на сите полиња и нив треба да ги решава политичка влада со полн мандат, како што кажа амбасадорот Жбогар. Ние не преферираме избори без опозиција, не е ова посакувано сценарио за Владата, меѓутоа исто така нема да дозволиме бесконечно кочење на работите, рече Маричиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа