СДСМ: Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако
Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата велат дека по фејк њуз Христијан Мицкоски, портпаролот Димче Арсовски, во своите лажни вести се заглави и потпретседателот Владо Мисајловски.
„Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кратко траеше.
Фејк њуз Мисајловски постираше фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас но веднаш беше поклопен од вистината.
Додека Владо Мисајловски од фејк-њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква.
Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата низ цела држава!
СДСМ останува посветена на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и она што го знае најдобро, да биде фејк-њуз партија“ стои во партиското соопштение на СДСМ.
11.06.2020 - 10:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа