Владата го прифати предлогот на Комисијата, од утре вечер полициски час до понеделник

Министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција истакна дека Владата во целост го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести.

-Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето. Односно, се воведува целосна забрана за движење на сите граѓани во Скопје. Тоа се сите скопски општини. Понатаму, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Теарце, Желино, и Јегуновце. Почнувајќи од четврток од 21 часот до понеделник 05:00 часот наутро, рече Филипче додавајќи дека во сите останати градови полицискиот час ќе трае од 16 часот до 05:00 секој ден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега