Мицевски: За ВМРО-ДПМНЕ најважно е здравјето на граѓаните, а за Заев најважно е да има брзи избори за да може да лови во матно

 

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 зборуваше како владата на СДСМ се справува со пандемијата каде посочи дека од самиот почеток владата на СДСМ многу  споро реагираше на сета оваа ситуација и не ја сфати доволно сериозно оваа пандемија.

-Ние имаме около 100 ново заразени или околу 10-11 починати. Она што  допринесе на целата оваа состојба по мене е мекиот однос на самиот почеток на кризата од страна на владата однос на првото доаѓање на луѓето кои што работеа во странство и неконтролата на граничните премини како и на нивното  престојување  односно движење низ Република Македонија. Тоа ја прошири пандемијата во Република Македонија, не дека Република Македонија ќе беше имуна на целата состојба со тоа што се случува. Меѓутоа спората реакција од страна на владата, несфаќање на доволно сериозно на проблемите кои се појавуваа на почетокот допринесе да дојдеме  во оваа ситуација, истакна Мицевски во своето гостување.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека безбедноста и здравјето на граѓаните се најважни за разлика од желбите на СДСМ и Заев за брзи избори и лов во матно.

-Јасни се ставовите на политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ излезе со ставот дека безбедноста и здравјето на граѓаните се пред се за разлика од желбата на СДСМ и на Зоран Заев за брзи избори и лов во матно.Ние рековме дека остануваме на 4 чекори кои беа предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицевски во своето гостување, рече Мицевски.

Според него, не е спорно да се седне и да се разговара за избори, меѓутоа датумот кој беше фиксно предложен од страна на господинот Заев е реално и физички неостварлив врз основа на она што се случува практично во Република Македонија со бројот на ново заболени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега