СДСМ: Третиот пакет економски мерки гради нова развојна македонска економија
„Овој пакет мерки гради нова, развојна македонска економија, преку кој се зголемува потрошувачката и се стимулира заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.
Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, преку трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници.
Ефектите од новиот, трет пакет економски мерки ќе ги почуствуваат сите категории граѓани и многу ресори во економијата.
Водејќи се од фактот дека Република Северна Македонија е социјална држава, Владата предводена од СДСМ донесе мерки во кои може да се пронајде секој граѓанин.
Со реализација на овој пакет мерки ќе се поттикне приватната потрошувачка на граѓаните, ќе се заштита но и ќе се создадат нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата.
Истовремено ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и светско ниво, ќе се активира и помогне домашниот туризам, но и ќе се промовираат нови земјоделски култури и ќе се обезбеди дополнителна поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно прозиводство.
Владата предводена од СДСМ се грижи за сите граѓани и за македонското стопанство. Уште на самиот почекот на кризата со корона вирусот Владата предводена од СДСМ преку мерки и политики активно работи да се зачуваат што повеќе работни места, да им се помогне на што повеќе граѓани и што повеќе компании.
Преку трите сета економски мерки, сите заедно, ги поставуваме темелите за брза трансформација на македонската економија. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри и уште посилни“ се вели во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа