Стаменковска Стојковски: Незаконски вработувања и непочитувања на правата на вработените во јавниот сектор

 

Директорката на Државен управен инспекторат,  3 години замижува пред очигледните незаконските вработувања и непочитувања на правата на вработените во јавниот сектор, рече Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик министер во МИОА

„Институциите, и пред се инспекторатите, кои се раководени од партиски кадри на СДС, остануваат инструмент за заплашување, уцени и закани кон неистомислениците на оваа власт. Така, додека бизнис секторот се соочува со селективни казни од страна на Државниот пазарен инспекторат кој е раководен од поранешниот пратеник Стојко Пауновски, Директорката на Државниот управен инспекторат Фаница Николоска, останува нема на грубиот и очигледен партиски мобинг од страна на функционерите на СДС врз вработените во јавниот сектор. Сета злоупотребата на институциите и инспекторатите во партиски цели е аминувана и од самиот врв односно Инспекцискиот совет, чии членови се исто така високи партиски функционери и  спроведуваат партиски агенди наместо да ја вршат работата заради која се назначени.

Имено, од моето именување до денес голем број на вработени во јавниот сектор се пожалија и доставија претставки до мене за притисоци, закани и непочитување на правата од работен однос од страна на нивните претпоставени.

Правовремено и согласно надлежноста за вршење надзор над примена на законот, десетици претставки доставив до надлежни институции меѓу кои и до Државен управен инспекторат.

До денес оваа институција не постапува или делумно се постапува со цел заштита на функционерите на СДС а на штета на вработените кои и за ноторни притисоци и закани, се изложуваат на дополнителни трошоци, по судски пат да ги заштитат своите права од работен однос.

Хибридниот режим во однос на вработените во јавниот сектор е пуштен на најјако и освен што секој ден слушаат закани дека ќе бидат трансферирани во приватниот сектор или дека ќе им се намалат платите, врз нив се вршат секојдневни притисоци и заплашувања а притоа надлежниот инспекторат не врши надзор во институциите за да ја констатира основаноста на претставките и наводите кои упатуваат на сериозни прекршувања на правата на вработените во јавниот сектор.

Во неколку наврати укажував и пишував за:

Комисијата за ревизија на постапките за селекција на административните службеници во рамки на Агенција за администрација, која не постапува и нема направено ревизија на ниту една постапка за селекција.

Државниот управен инспекторат, кој е должен еднаш годишно да изврши редовен инспекциски надзор во сите институции на јавниот сектор а во врска со вработувањата во јавниот сектор и оценувањето на административните службеници, која не постапува или има незначителен број на надзори изминатите 3 години.“ рече Стаменковска.

Министерството за информатичко општество и администрација има обврска да води регистар за вработените во јавниот сектор, оценувањата, дисциплинските постапки, обуките и за реализацијата на годишните планови за вработување, но МИОА НЕМА ПОДАТОЦИ И НЕ ВОДИ РЕГИСТАР ЗА НИТУ ЕДНА ОБВРСКА ОД ЗАС И ЗВЈС.

Но да не се постапува по претставки во кои јасно стои основот на претставката односно кои права се повредени, институции кои не почитуваат правата од работен однос, а притоа постои името и презимето на вработениот, телефонскиот број, но недостигала адресата на подносителот, па Државниот управен инспекторат одлучува да не постапува  што е дрско и безобразно дури и за хибриден режим. За десетици претставки дури и по неколку месеци немаме одговор или се бараат формални технички забелешки се со цел да не се постапи.

Директорката на Државен управен инспекторат, која 3 години не констатирала неправилност во ниту една институција а поврзано со ЗАС и ЗВЈС, која единствена обврска и е да замижува пред очигледните непочитувања на правата на вработените во јавниот сектор и која незаконските вработувања планира да ги направи законски поради застареност на предметите, наградена е со кандидатурата за пратеник во ИЕ  6 и тоа на второ место, за да може да продолжи со непостапување по претставките од вработените во јавниот сектор а со тоа и да може да врши притисок и уцена врз истите овие вработени а во полза на СДС и нејзиното пратеничко столче.

Овој регистар е полн со човечки судбини по кои не се постапува во изминатиов период!

Сета вистина за вашите изживувања врз вработените во јавниот сектор ќе излезат на виделина со Обновата на Македонија.

Злобата на овој хибриден режим ќе згасне со промената од власт и ниту едно заплашување или уцена од страна на функционерите на СДС не може да ја запре обновата на Македонија, рече Стаменковска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега