Костадинов: Избори во првиот можен рок по завршување на вонредната состојба

 

Ставот на СДСМ е избори во првиот можен рок, веднаш по завршување на вонредната состојба, кога тоа ќе го препорачаат здравственсите експерти, истакна портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

- Нашиот став е сосема јасен, нешто од што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бегаат, а тоа се избори веднаш по завршување на вонредна состојба, нагласи Костадинов.

Според него, анкетите покажуваат дека СДСМ ќе победи на изборите.

-СДСМ се залага и за враќање на политичка влада да го спречиме хаосот што го прават кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, пред се Чулев, како и дополнителната заменик министерка за економија, која спречува проект од Светска банка и наштетува на граѓаните и на државата, нагласи Костадинов.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажат дека се загрижени за граѓаните и здравјето на граѓаните. Вели дека додека здравствените работници се справуваат кризата, ВМРО-ДПМНЕ манипулира, лаже и обвинува дека нема доволно тестови.

-Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравствените работници, сега дополнителната заменик министерка ги кочи средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои треба да се исплатат наградите за здравствените работници, помош за социјално ранливи категории, нагласи Костадинов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ја туркаше државата во бездна, не задолжуваа, а сега ќе беше полесно без Скопје 2014, со една милијарда евра повеќе, ќе имаше посилен импакт за поддршка на економијата на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ лажат дека се грижат за граѓаните, бидејќи полицијата по налог на Наќе Чулев упадна кај волонтери, кои спремаа пакети за социјално ранливи граѓани во Струмица и со полициска хајка се обиде да ја прикрие веста дека истиот ден на дело беше фатен кадар на ВМРО-ДПМНЕ во министерството за земоделство, како прима поткуп, истакна Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега