Во СДСМ решиле: Ако нема избори во јуни, ќе има во декември

 

СДСМ сака изборите ако не се одржат во јуни да се одржат во редовниот термин во декември, јавува „360 Степени“.

Независно од продолжувањето на вонредната ситуација, во раководството на владејачката партија има размислувања дека, ако нема договор за избори до крајот на следниот месец, тогаш гласањето треба да биде во редовниот термин, кон крајот на годината.

Раководството на СДСМ, според извори од партискиот врв, останува на ставот дека парламентарните избори треба да се одржат до крајот на јуни, независно од најавите дека утре ќе има нов предлог од Владата за продолжување на вонредната состојба, а потоа веројатно и одлука во таа насока од претседателот Стево Пендаровски.

Ако нема договор меѓу партиите за избори до крајот на следниот месец, тогаш во СДСМ сметаат дека изборите треба да се одржат во редовниот термин и тоа во последните можни рокови – односно на 29 ноември или на 6 декември. Таа можност, наводно, партискиот лидер Зоран Заев ја презентирал и на лидерската средба во вторникот.

Целиот текст прочитајте го тука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега