Трипуновски: АД за Водостопанство под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари
АД за Водостопанство на Република Македонија под закрила на Трајан Димковски прави криминал и злоупотребува народни пари. Моментално се вршат работи на каналите за наводнување во Росоман, иако тендерската постапка не е завршена и нема одлука кој понудувач дал најповолна понуда и го добил тендерот, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.
-Иако постапката се уште трае на терен работите се во тек. Оттука се поставуваат логичните прашања:
1. Како АД Водостопанство и Димковски знаат која фирма ќе го добие тендерот?
2. Дали тендерот е однапред договорен, а јавниот повик е само про форма постапка?
Криминалот и неработата во Министерството за земјоделство наскоро ќе бидат минато, а тогаш ќе има одговорност за сите законски прекршувања што ги направи оваа власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа