Николов: Да се изврши тестирање на сите ризични групи и да не се ризикува повторно ширење на заразата

 

Колку и мал број тестови да се направат, бројката на ново дијагностицирани со Корона се движи од околу 7-10%. Доколку таа бројка се екстраполира на поширока популација јасно ќе стане дека бројката на позитивни пациенти ќе биде значително повисока, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

„За да се креираат политики, за да може да се добие вистинската епидемиолошка крива и неопходните епидемиолошки параметри врз основа на кои можат да се носат одлуки и да се спроведуваат политики, недвосмислено е потребно да се зголеми бројот на тестирани граѓани.

Особено е важно систематски да се тестираат ризичните групи како здравствените работници, полицајците кои се на терен, касиерите и оние кои што работат на шалтери каде контактираат голем број на луѓе, возачите на јавните сообраќајни претпријатија, воспитачките во градинките, итн.

Само еден случај кога некој од овие реизични групи би ја расејувал болеста и вирусот, може да не доведе до враќање на почетната состојба со епидемијата.

Во исто време потребно е да се подготват протоколи за секоја социјална активност која што значи реактивирање на животот на граѓаните. Потребно е здравствено просветување на граѓаните, а особено на оние кои што ги спроведуваат политиките.“  вели Игор Николов

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега