Мицкоски на лидерската побарал датумот за избори да се утврди со консензус
На лидерската средба вкоја веќе два часа се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски побарал токму датумот за избори да се утврди со соконсензус, велат за „А1он“ извори присутни на средбата.
Мицкоски рекол дека има доверба во Комисијата за заразни болести и во техничкиот премиер.
Лидерската средба почна во 13 часот и се уште трае. Се разговара за терминот на одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани на 12 април, но беа одложени со уредба на Владата поради прогласувањето вонредна состојба и ширењето на ковид-19.
Лидерите исто така се очекува да зборуваат и за евентуално продолжување на вонредната состојба, за состојбата со коронавирусот во земјата и препораките на здравствените власти, и како да се спроведе кампања и гласање, а да се заштитат граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа