ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски на лидерската ќе предложи план од 4 чекори за гаранција за здравјето на граѓаните и спроведување на изборите

 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека се уверени во поддршката од граѓаните и повисокиот рејтинг, но потребно е партиите и лидерите да се однесуваат одговорно спрема здравјето на граѓаните.

Деликатноста на состојбите и растечкиот број на заразени не одат во прилог на одржување на брзи избори, за што инсистира што секоја цена СДСМ. Мицкоски неколку пати нагласува дека приоритет број еден е здравјето на граѓаните, а дури потоа избори.

Од опозициската партија брифираат дека лицитацијата со различни датуми за одржување на уизбворите значи лицитација со човечкото здравје и животи, нешто што е максимално несериозно и неодговорно. Затоа Мицкоски на лидерската средба ќе предложи прецизен план или алгоритам во 4 чекори. Алгоритамот на Мицкоски всушност опфаќа дефинирање на рамка со која ќе се гарантира заштита на здравјето на граѓаните, и оддржување на избори кои мора да бидат фер, слободни и кредибилни. Се друго ќе биде во насока на лов на матно и загр5озување на здравјето на граѓаните. Алгоритмот и планот на

Мицкоски во 4 чекори опфаќа прво да се даде стручно мислење од здравствените експерти дали постои амбиент и фактичка состојба за намалување на мерките за претпазливост,и доколку се проценти дека може да се премине во втора фаза тогаш треба да се чуе мислењето на ДИК околу практичното спроведување на изборите и што тоа подразбира од аспект на технички услови. Исто така ќе се бара целосна набљудувачка мисија која ќе го мониторира процесот, со оглед на сомнителните намери на власта и забележаниот предизборен поткуп изразен во делење на пакети од семејството Заеви.

Доколку и тоа се дефинира и усогласи ќе треба правните експерти да го определат начинот на кој ќе се определи датумот за одржување на изборите.

Датумот треба да биде во период кога корна кризата ќе биде надмината и оддржувањето на изборите кој нема да биде закана за здравјето на граѓаните. Ќе се бараат нормални услови за спроведување на кампања и преставување на програмата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега