Двајца скопјани предизвикале „хаос“: Направиле сообраќајка, па почнале да се расправаат

 

Нарушување на јавниот ред и мир вчера во Скопје, откако двајца возачи по случена сообраќајка дошло до расправија.

„На 10.05.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, поради претходно случена сообраќајна незгода, дошло до расправија меѓу возачите, при што З.И.(44) од Скопје му упатил закани на З.Н.(51) од Скопје и го оштетил неговото товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега