ВМРО ДПМНЕ: Шилегов иако вети ревитализација на езерото Треска, три години потоа шајка нема заковано
Градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе го врател сјајот на езерото Треска, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.
„Тоа е ветено во неговата програма за живот во Скопје на страница 28.
Пред локалните избори Петре Шилегов вети и напиша “ревитализацијата на комплексот.
„Треска“ е истовремено и социјална и културна мерка. Заради подобра достапност на Центарот „Треска“, ќе го интензивираме градскиот јавен превоз на градот.”
Три години потоа езерото Треска е руинирано, зафрлено, и без ниту една инвестиција за негово ревитализација“, велат од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.
„Срамен потсетник на тоа колку Шилегов е неспособен и лажлив градоначалник. Петре Шилегов единствено се грижи од депонијата „Дрисла“ тендери да земаат роднините на Рашкоски без притоа да инвестира во развојот на животот на Скопјани. Три години по ветувањето за ревитализација на Треска тоа е зафрлен споменик на најнеспособниот градоначалник на Скопје.
Шилегов вети враќање на духот на Скопје, но тој го убива духот на градот. Езерото Треска не само што не е чепнато туку е и небезбедно за случајните посетители.
Шилегов веднаш да превземе мерки и инцијатива за реализација на ветеното“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа