ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори нема да го спасат Зоран Заев, сите негови маски паднаа

 

Избори ќе има кога нема да има опасност по здравјето на граѓаните на Република Македонија, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ,.

Од партијата реагираат и велат дека брзите избори нема да го спасат Зоран Заев, тој е веќе е прочитан од граѓаните.

„Сите маски на Зоран Заев паднаа. Од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО.  Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.

Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.

Македонската јавност доби потврда дека граѓанските организации,  и оние финансирани  од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.

 

На изборите граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и ќе го испратат таму каде што му е местото. Доаѓа време на вистината. Вистината ќе го казни Зоран Заев и неговите криминалии.“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега