СДСМ: Преземаме навремени и сериозни економски мерки за спас на работните места, одобрена финансиска поддршка за исплата на плати за над 21.500 компании
Владата, предводена од СДСМ презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија, велат од СДСМ.
Досега, како што велат од партијата,одобрени се 21.542 барања од компании за поддршка за исплата на плати од 14.500 по вработен.
-Најголем интерес за оваа мерка покажаа компаниите од секторите, кои се најпогодени со кризата и тоа 2.377 фирми што се занимаваат со угостителска дејност и 2.177 компании од областа на транспортот. Оваа мерка ја искористија и 2.164 физички лица кои вршат самостојна дејност. Важно е да се напомене дека фирмите коишто ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, нема да треба да ја вратат финансиската поддршка, дури и ако остварат добивка, доколку истата сума ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година. Речиси 600 компании ја користат мерката за субвенционирање на 50 % од придонесите за задолжително социјално осигурување, а 747 фирми ги исполниле условите да ја користат мерката за ослободување од плаќање на аконтации од данок на добивка, се вели во соопштението до СДСМ.
Од партијата посочуваат дека кредити од линијата Ковид 1 досега се одобрени за 631 компанија, а за втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, за која пријавувањето е во тек, се примени 2.400 апликации.
-Мерките за поддршка на економијата даваат резултати. Тоа го покажуваат и проекциите на Светската Банка според кои „Северна„ Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар во однос на сите земји во регионот. СДСМ посветено ќе продолжи со поддршка на фирмите и граѓаните, со што се поставуваат темелите за брзо интензивирање на економијата кога ќе заврши кризата, се вели во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа