Арсовски: Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет“
Од се може да се дефокусира, дури и од неспособното справување и криминалот во време на корона кризата, само не може да се дефокусира од вмешаноста на Зоран Заев во случајот „Рекет“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Вели дека целата јавност е сведок, изминатава година дена, дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев е директно инволиран во случајот „Рекет“, но, како што рече, за жал, на негова среќа, Рускоска обвинителството и „трас-трас“ Луи Вутон судството се уште процесот е закочен само на 3-ца обвинети.
-Бараме од МВР и Јавно обвинителство веднаш да отворат случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело и веднаш да се отпочне случај токму во овој Кривичен суд, а како се размотува клопчето во случајот „Рекет“, сомнежот е дека Зоран Заев ќе стигне и до првоосомничен и организатор на целата афера „Рекет“. Бараме МВР и Јавното обвинителство да почнат вештачење на телефонот на Зоран Заев при што веруваме и сигурни сме дека таму ќе се разоткрие целата шема за рекетирање на бизнисмени во Македонија во висина од над 20 милиони евра, рече Арсовски.
Тој праша зошто Зоран Заев молчел од 3-ти април кога го предупредил Бојан Јовановски алијас Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја и молчел дури до 22 април?
-Со тоа свесно му дал простор на Бојан Јовановски и останатите да прикријат докази и да губат телефони и да работат во нивна полза. Впрочем сите се сеќаваме на еден исказ каде Бојан Јовановски самиот кажа дека Зоран Заев го предупредил за истото. Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите. Со едната мести судски пресуди и заташкува случаеви, со другите мести случаеви во СЈО, со третите и четвртите рекетира и одработува останати работи. Како што реков, ништо, ама баш ништо не може да дефокусира од реалната улога на Зоран Заев во „Рекет“. Допрва граѓаните ќе дознаваат за шемите на рекетирање на Зоран Заев и СДСМ, на Ден Дончев заедно со врвот на власта и СДСМ, како и многу други ликови блиски до семејството Заеви и СДСМ. Ваков криминален канцер на општеството не ни е потребен на политичката сцена во Македонија и ќе го исчистиме на следните избори кога и да бидат и ќе победиме убедливо, рече Арсовски.
Арсовски: Зоран Заев треба да одговара бидејќи е дел од случајот „Рекет“
Posted by Maxim.mk on Saturday, 9 May 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа