Трипуновски: Цевководот на системот Макарија во Росоман е нефункционален

 

Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски преку денеска беше во посета на Росоман на барање на земјоделците.

-Денеска сум во посета на општина Росоман по барање на земјоделците се со цел да направам увид на оној проблем кој што ги мачи во моментов, а тоа е испораката водата по земјоделските површини во ова општина. Ова е повеќе од алармантна ситуација затоа што ако знаеме дека сезоната за наводнување треба да почне на 15 април, денеска сме веќе 8 мај и тоа е речиси 30тина дена задоцнување со снабдување на земјоделците со вода за наводнување. Овде сум затоа што во овој момент овошките кои што се наоѓаат на територија во општина Росоман се во фаза на формирање на својот плод и каде што водата за наводнување им е повеќе од потребна. Мислам дека приоритетите на АД „Водостопанство“ во делот на црпење на песокот, речните корита и правење профит на терет на природата треба да биде минато и треба да се фокусираат на работата за која што е формирано акционерското друштво. Доброто е што пред на нас се престојните парламентарни избори каде што СДСМ и нивната гарнитура ќе бидат минато и ќе дојде правата гарнитура која што ќе се грижи во вистинска смисла за земјоделството во Република Македонија, стои во постото на Трипуновски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега