Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје: Шилегов наместо метропола од Скопје среде плоштад прави полјана
Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор кој ќе доликува на метропола тој создаде полјана. Ова не е слика на земјоделска површина, ниту нива која чека за посев, туку просторот среде плоштадот во центарот на Скопје, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
„Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфрекфентното место Шилегов вметна зелена трева со што го ограничи просторот на движење на граѓаните онаму каде тоа е потребно.
Градот Скопје станува експеримент на фрустрациите, хировите и криминалните експерименти на Шилегов.
Доколку оправдувањето на скандал мајсторот Шилегов е дека посочената парцела е приватна сопственост тогаш тој е градоначалник цели три години и зошто не ја дооформил парцелата и ставил под владение на градот, а дури потоа да врши доуредување на просторот. Ако парцелата не е на градот Скопје тогаш кој ја создаде полјаната која е дел од проектот на Петре. Шилегов должи објаснувања на скопјани.
Правењето на полјани онаму каде не им е местото, а од друга страна уништувањето на паркови не е нешто со што треба Шилегов да се гордее, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа