Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се одржат
ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се закажат, но сѐ зависи што ќе се одлучи на лидерската средба, истакна потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски во гостувањето во Дневникот на Канал 5, додавајжи дека датумот за избори зависи од здравствените власти.
-Најдобро е да видиме што ќе се договори на следната лидерска средба, да слушнеме и од здравствените власти што се ќе кажат и да ни ги кажат сите оние бројки моментално што во овие недели се случуваат односно колку има заразени, трендот на намалување или на зголемување, појасни Мисајловски.
Вели дека по тие податоци што ќе ги соопштат здравствените работници ќе може да се одреди датум за одржување на избори.
-Ние сакаме да има избори, но не по секоја цена, за да утре не можеме да имаме нормална кампања, а од друга страна многу нови заболени да има. Но ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, и ние очекуваме голема победа, нагласи Мисајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа