СДСМ: Мицкоски излажа за тестовите, излажа за невработеноста, лажните вести и деструктивноста се неговиот начин на делување

 

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја пропуштија шансата да се издигнат над партиските и личните интереси и да покажат конструктивност во надминување на здравствената криза.

Наместо да се приклучат во битката и да застанат на страната на граѓаните и нивното здравје, тие избраа да се служат со лажни вести за коронавирусот во обид да создадат паника и страв.

Мицкоски излажа кога на јавноста и соопшти дека здравствениот систем не е подготвен за кризата и дека има само 100 тестови за вирусот, иако вистината е дека после таа изјава се направија илјадници тестови“, велат од СДСМ.

„Потоа, ВМРО-ДПМНЕ лажеше дека над 100.000 граѓани останале без своите работни места, иако вистината според официјалните податоци е дека само 7.000 работници изгубиле работа како последица на здравствената криза.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ немаше конзистентен став и во врска со економските мерки. Тие цело време се противеа на се што спроведуваат државните институции во обид да ги намалат економските последици. За една мерка не кажаа дека е добра, а сето тоа што го предлагаа немаше врска со реалноста и со капацитетот на државата.

Со недоличното, нехуманото и несолидарното однесување на ВМРО ДПМНЕ во време на здравствена криза, но и со продуцирање на лажни, опасни вести, Мицкоски самиот си го потврди поразот на следните избори.

Граѓаните знаат да направат разлика кој вистински се грижи за нивното здравје и за иднината на државата, а кој го користи моментот за партиска и лична промоција“, соопштуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега