ВМРО-ДПМНЕ: На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

 

На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени.

„Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја.

Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија.

Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање.

Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.

 

СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега