Јанушев: Безпредметно е да се зборува за избори во овој период

 

Да се разговара за избори во овој период е безпредметно, бидејќи здравјето на луѓето е пред сѐ и над сѐ, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање.

-Во моментот ја имаме пандемијата со корона каде луѓе умираат во државата, имаме ситуација каде Светската здравствена организација ја продолжи веќе прогласената вонредна состојба за дополнителни 90 дена, имаме фактичка ситуација каде Франција ја продолжува вонредната состојба заради здравствениот колапс до крајот на месец јули годинава. Да разговараме за избори овој период мислам дека е безпредметно, бидејќи здравјето и животот на граѓаните е пред сѐ и нас сѐ, рече Јанушев.

Според него, Владата треба да поведе грижа и за економијата и за стопанството кои, како рече, тонат.

 -Она што можам да го увидам е дека и покрај тоа што на почетокот барем пред извесен период СДСМ се криеше позади изјавите дека се за здравјето на граѓаните, дека тоа е приоритет. Всушност под  маса така кажано лиферуваше со новинарите дека всушност се избори, тоа веќе не го кријат јавно кажаа дека сакаат избори веднаш по завршување на оваа вонредна состојба, вели Јанушев.

Според него, постојат три работи кои е важно да се кажат, а се поврзани со ваквиот став на СДСМ.

-Првиот е дека тие на овој начин се надеваат дека ќе го ублажат поразот затоа што се свесни дека ги очекува огромен пораз и се надеваат дека ќе го ублажат истиот, затоа што првично се надеваат на ниска излезност поради стравот којшто постои кај граѓаните на Република Македонија во однос на целата оваа ситуација да излезат и да гласаат. Втората работа е дека се надеваат на еден начин на фалсификат на изборите бидејќи де факто доколку изборите се одржат веднаш по вонредната состојба ќе немаме или ќе имаме многу мал мониторинг од страна на релевантните институции којшто го прават истиот за време на изворите. Така да уште еднаш е јасно дека СДСМ покажува една работа дека воопшто не им е битно ниту народот во Република Македонија, ниту што мислат луѓето во државава, туку на секој можен начин да се обидат да ја спасат сопствената кожа, рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега