Се шетал со другарот и одеднаш почувствувал болка: 19-годишник од Гостивар со протрелна рана донесен во болница

 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17:25 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен повреден од огнено оружје 19-годишниот Н.А. од Гостивар.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и бил извршен разговор со Ѓ.Т.(21) од Гостивар, според кој околу 17:00 часот во село Сретково, додека Ѓ.Т. и Н.А. се движеле, Н.А. во еден момент почувствувал болка од десната страна и забележал дека е повреден. Во врска со настанот биле приведени Ѓ.Т., М.Х.(22), Ф.И.(20) и М.Т.(20), сите од Гостивар, а од Ѓ.Т. била одземена воздушна пушка „гамо“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега