ВМРО-ДПМНЕ: Криминал во време на здравствена и економска криза е злосторство врз сопствениот народ

 

Власта исклучително лошо ја менаџира здравствената и економската криза која произлезе од епидемијата со корона вирусот. Заев и соработниците се занимаваат со внатрепартиски пресметки и матни зделки, а здравствените работници се оставени без долго најавуваната набавка на медицинска опрема и заштитни средства, кои им се неопходни за борба со епидемијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа Македонија е рекордер по починати од корона на милион жители во целиот регион и имаме голем процент заразени здравствени работници. Власта на Заев е ставена во полн погон за исцицување на буџетот и предизборна корупција, додека граѓаните се борат за своето здравје и својот живот. Мислат дека ако граѓаните се во страв и под полициски час, нема да може да се разбере за сомнителните тендери или за кршењето на полицискиот час на нивните активисти, кои со грст производи спакувани во партиски брендирани пакети ќе го купуваат гласот на најзагрозените гласачи. Граѓаните ја гледаат не само нивната неспособност, туку ја гледаат и нивната криминогеност. Наместо за народот и стопанството тие се борат сред епидемија за фотелја и за нивниот џеб. Затоа Македонија има буџетска дупка од 120 милиони евра во првите три месеци и генериран  нов долг од 250 евра за секое семејство., се наведува  во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: СДСМ и Заев знаат дека крајот на нивното владеење е многу блиску и стануваат се понервозни. Политичката одговорност ќе ја понесат и од тоа нема бегање, а потоа ќе следи и истрага за нивните сомнителни потези.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега