Стоилковски: Заеви спроведуваат масовен поткуп за изборни цели, очекуваме соодветна казна за прекршителите

 

Заеви не се над законот и не може да се помират со тој факт.Заеви, Зоран и Вице не можат да прифатат дека завршува времето на нивното самоволие и шерифско однесување во Македонија. Притоа самоволието и шерифувањето на Заеви оди до таму, што братот на Зоран Заев, познатиот Вице Заев лично во полиција насилно се однесува и да се заканува врз полицајците. Ги навредува, да користи погрдни зборови, барајќи да не важи законот. Братот на лидерот на СДСМ предизвикувал насилни сцени среде полициската станица во Струмица. Со една цел- случајот да се прикрие, кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„По полициската акција во Струмица на сета јавност и е јасно дека станува збор за организиран поткуп само и само во изборни цели. Се работи за чист поткуп во изборни цели кој што ги потврдува пишувањата и снимките кои што беа објавени и во странските весници за тоа како се победувало на локалните избори во Струмица.

Ниту станува збор за „донации“ ниту станува збор за „добротвори“, станува збор за организиран поткуп во изборни цели, организиран, пакуван и дистрибуиран во време на вонредна состојба заради епидемијата. Во време на полициски час, во време кога граѓаните стравуваат за здравјето и за работните места, полицијата приведува блиски на Заев како го кршат полицискиот час, се движат без дозвола, подготвуваат пакети, ги брендираат со партиски бои, групно се подготвуваат за дистрибуција. Дистрибуција не за помош, туку за масовен поткуп во изборни цели.

Почитувани, на Заеви, Зоран и Вице и на ним блиските од СДСМ не им е јасно дека не се над Законот и дека ќе одговара секој еден кој што се огрешил, затоа и молчат и со денови немаат одговор на прашањата:

  1. Колку вкупно пакети се поделени, со точни количини на продуктите?
  2. Имаат ли фактури за плаќање на тие производи, или се дел од некоја друга сомнителна акција за рекетирање? 
  3. Има ли доказ за потекло на парите доколку се платени?
  4. По кои критериуми се поделени пакетите, зошто за едни граѓани има, а за други не?
  5. Дали овие донациите се пријавени и каде се пријавени доколку се пријавени?

А по полициската акција во Струмица, мора и инсистираме на одговор, зошто е потребно насилното однесување на Вице Заев и неговите закани среде полициска станица да се забошоти случајот ако е се во ред?

Зоран Заев и СДСМ организирано во три месеци смислено ограбија 120 милиони евра од буџетот, ги дозадолжија граѓаните, само и само за поткуп во изборни цели.

Зоран Заев и СДСМ треба да знаат дека на луѓето не им е до пакети производи со минат рок, туку им треба работа за чесно и честито да заработуваат и правда дека никој нема да ги злоупотребува и е над законот. 

Шерифувањето на Заеви и на СДСМ се ближи до крајот, секој што прекршил закон ќе мора да одговара. Во Струмица полицијата постапила согласно ситуацијата, а случајот е во рацете на јавен обвинител. Очекуваме ништо помалку од правда и соодветна казна за прекршителите на законот, вклучително и за братот на Зоран Заев, Вице Заев“, кажа Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега