Деркоски: Oрганизацијата на изборите да почне од почеток

 

Предвремените парламентарни избори да се организираат од почеток, со нивно распишување, за да не може некој да го оспори нивниот легитимитет, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски во интервју за ТВ 24.

Според него, има многу отворени прашања што сите политички фактори треба да ги решат. Дерковски вели дека и Уставниот суд треба да се вклучи во надминување на правната празнина.

Според него, условот за одржување на изборите е да се одреди изборен ден.

– Точно е мора да се најде уставно издржано решение, да се договори консензуално меѓу сите политички фактори и во таа ситуација никој нема да го доведе во прашање легитимитетот на изборите. Остануваат неколку месеци до редовните избори, не е никаков проблем да се изнајде вистинско решение. Единствено на кое јас апелирам е дека треба да се створат максимално добри услови за организација и да се има фер натпревар во таа изборна трка, рече Деркоски.

Во однос на прашањето за одредување изборен ден и дали ДИК ќе достави своја иницијатива до Уставниот суд, тој рече дека досега има неколку иницијативи и дека ќе почекаат да видат што ќе се случува деновиве, но тој смета дека претседателот на државата е местото каде што треба да се донесат одлуки.

– Би апелирал да се прифати иницијативата на претседателот на државата. Таму е местото каде што треба да се седне и да се разговара за прашањето и да се донесат одлуките и да се изнајде законито решение за излез од оваа ситуација, рече Деркоски.

Деркоски е дециден дека избори несомнено треба да има но оти „не треба да се доведеме во ситуација да го загрозуваме здравјето на граѓаните“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега