Трипуновски: Институциите да поведат постапка и лицето вработено во МЗШВ кое барало поткуп да одговара
Најостро го осудувам криминалното дејствие на лицето И.Г. вработено во Платежната агенција кое уценувало земјоделци и барало поткуп. Ги повикувам надлежните органи веднаш да реагираат и целосно да го расветлат случајот до крај, а лицето И.Г. да одговара за своите криминални дејанија согласно закон,реагира дополнителниот заманик министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не поддржува криминал, без разлика дали лицето кое го сторило е симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или било која друга партија, вели тој.
Криминалот мора да биде санкциониран, порачува Трипуновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа