Штипјанец изгубил контрола над возилото и излетал од патот- повредени четири лица

 

Штипјанец управувајќи со возилото, изгубил контѕрола, па излетал од патот во близина на беровско село при што биле повредени четири лица.

Од полиција велат дека на 29.04.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Дабила -село Петралинци, беровско, Ј.Р.(52) од Штип, управувајќи патничко возило „фиат пунто“, со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.П.(45) од Берово, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште две сопатнички Ј.Б.(55) и Н.Б.(51) од Берово, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.“ соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега