ЕУ се заканува: Ќе ги суспендира наградите на ТикТок Лајт поради ризикот од „зависност“

 

ЕУ денеска започна истрага за апликацијата Лајт на ТикТок и се закани дека ќе ја суспендира функцијата „зависна“ што ги наградува корисниците за гледање и лајк на видеа, поради загриженоста за безбедноста на децата, изјави претставник на Европската комисија.

Европската комисија изразува загриженост за „ризиците од сериозна штета за менталното здравје на корисниците“, вклучително и малолетниците, од програмата за награди, рече претставникот.

ТикТок Лајт е во функција во Франција и Шпанија од март.

22.04.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега