Тројца обвинети во Велес за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес денеска до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против 3 лица  за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 14.04.2020 година го прекршиле полицискиот час, односно не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на наеслението на територијата на државата во одредени временски периоди.

Обвинителството предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега