ВИДЕО: Моментот кога Роналдињо дозна дека излегува од затвор

Роналдињо излезе од затвор. Платена е кауција од 1,6 милиони евра, па сега тој ќе се брани од слобода, заедно со неговиот брат. Но, ќе мора да остане во куќен притвор, поточно хотел, кој за разлика од затворот е супер луксузно место.

Одлуката му беше соопштена преку видео, бидејќи поради коронакризата и во Парагвај на тој начин се одржуваат судењата. Преку мобилен телефон, судијата ја чита одлуката, а тој и брат му во затвор ја слушаат. Се разбира одлуката на судот предизвика насмевка на нивните лица.

Роналдињо и неговиот брат се уапсени на 5-ти март при влез во Парагвај поради тоа што користеле лажни пасоши. Неговиот пасош е одземен од бразилските власти бидејќи има судски случај во кој тој се обвинува дека без дозвола градел објект во близина на езеро, простор кој што бил заштитена зона.

09.04.2020 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега