Кога ќе се заљуби маж: Босанец со велосипед ќе оди до Америка за да ја види саканата

 

Ајдин Хоџиќ од Сараево поради својата сакана се решил да тргне до Америка со велосипед.

-Селма ја запознав случајно, додека се враќавме од училиште. По неколку излегувања ја започнавме нашата врска. Меѓутоа, набрзо од пријателите дознав дека Селма ќе оди во Америка и веднаш раскинавме. Но, неколку месеци подоцна повторно продолживме и еве нашата врска трае од 18-ти декември 2011 година, изјавил Ајдин.

-Последен пат се видовме минатата година. ога и го кажав својот план и начинот на кој сакам да стигнам дотаму беше помалку збунета, како и сите останати кога слушнаа. Но, таа знае дека би направил се' за неа, вели осумнаесетогодишникот кој е во потрага по спонзори за да ја исполни целта.

најчитано сега