Внимателно возете: АМСМ информира каде има снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Стража, кој не се задржува на коловозот, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Согласно одлуката на Влада поради коронавирусот, затворени се граничните премини Џепиште-Требиште и Блато и сите возила и патници се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток. Затворен е и граничниот премин Прохор Пчински и возилата се пренасочуваат на Табановце-Прешево. Затворен е и граничниот премин Голема Црцорија – Голеш (кривопаланечко).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2020 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега