Ѓорѓиевски размислува да се кандидира за градоначалник на Скопје


Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата ,,Клик плус” на ТВ21, запрашан за можноста да биде следниот градоначалник на Скопје бидејќи неговото име кружи во јавноста, рече дека не ја исклучува можноста за тоа и би го прифатил тој предизвик.
 
- Ако одлучи мојата политичка партија и телата на партијата,  но и граѓаните, од она што е евидентно мислам дека имаме одлична реализација на проектите досега а имам и сериозна поддршка од моите сограѓани.
Би го прифатил тој предизвик, секако и мислам дека би бил човек кој што би ги решил проблемите што  ги има нашиот град. – рече Ѓорѓиевски.
26.09.2024 - 22:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега