Манчевски: Ја намалуваме администрацијата за 20 отсто, ќе работат оние што се подготвени да им служат на граѓаните
„СДСМ во наредниот мандат обезбедува ред и дисциплина во сите институции! Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Во нашата администрација работат одлични професионалци. Но, има и многумина кои сметаат дека немаат обврски ниту одговорност кон граѓаните и државата“, вели денеска на прес Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.
„Структурата на институците и нивната поставеност е далеку од оптимална и создава бесконечни лавиринти. Наместо да ги штитат правата на граѓаните и да ја помагаат економијата, стануваат нивни кочничари. Затоа во новиот мандат фокусот ќе треба ова да го промениме, со промени во струкурата, квалитетот и големината на администрацијата. Ја намалуваме администрацијата за 20 отсто. Во администрацијата ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните“, порача Манчевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа