ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки за надминување на состојбата со коронавирус
Потребно е максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали за квалитетно и ефикасно справување со моменталната состојба во која се наоѓа Република Македонија. Ситуацијата со корона вирусот од ден на ден се влошува. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага преземање на итни и неодложни мерки се со цел заштита на здравјето на граѓаните и целосно ескалирање на ситуацијата, ова денеска преку соопштение за јавноста го информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ предлага:
Итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март.
Итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.
Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.
Формирање на стручно тело, од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.
Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства, заштитни маски и ракавици кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус.
Потребно е работата на државната администрација да се редуцира, односно половина од јавната администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. со ваквиот начин на работа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.
Отворање на 24 часовна линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.
Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.
Комисиите за здравство и економија на ВМРО-ДПМНЕ, ја следат состојбата и се во постојано заседавање се со цел навремено интервенирање и надминување на состојбата.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до владата на Република Македонија да ги прифати мерките бидејќи здравјето на граѓаните е пред се и над се, стои во нивното соопштение до јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа