Лукаревска: Во новиот мандат ќе го зголемиме лимитот на МојДДВ
Преку проектот МојДДВ досега кај граѓаните се вратени околу 8,5 милиони евра. Овој успешен проект го продолжуваме и во новиот мандат и ќе го зголемуваме лимитот по поединец на 2 300 денари за тромесечие и 9 200 денари годишно, односно на 36 800 денари за просечно четиричлено семејство, изјави Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.
„Ветивме прочена плата од 30.000 за цел четиригодишен мандат. Денес, само по две и пол години таа е близу 27.000 денари. Ветивме минимална плата од 16.000 денари за цел мандат. Денес, таа е 14.500 денари по само две и пол години. Можеме. Уште повеќе. Уште подобро. Во новиот мандат ќе обезбедиме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот. Платите во образованието и здравството ќе пораснат за 20%. Тоа е нашата понуда до граѓаните којашто ќе ја оставариме до 2024 година“, рече Лукаревска.
Таа вети дека ако СДСМ остане на власт дека персоналниот данок во ИТ индустријата ќе се намали до 0% и тоа скалесто: 5% во 2021, 3% во 2022 и 0% во 2023.
„Данокот на добивка останува на ниво од 10% во целиот период 20-24 година, но
остануваме доследни на воведувањето прогресивно оданочување преку инклузивен
процес на разговори и креирање консенсуз за воведување на иститот. Ќе направиме реконфигурација на ДДВ преку воведување на единствена стапка од 10% ДДВ за сите ресторантски услуги, намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, подигнување на прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 01.01.2022 и изедначување со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет“, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа