Николоски: Истокот и центарот на Македонија се оставени на забот на времето, Зоран Заев најмалку направи за крајот од каде потекнува

 

Во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е носител на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и каолицијата во изборната единица 4 потенцира дека е убеден во победата на ВМРО-ДПМНЕ над   Зоран Заев во 4-тата изборна единица, но и дрка ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го победи СДСМ на ниво на цела Република Македонија.

-Заев сериозно потфрли како премиер, истокот и центарот на Македонија се оставени на забот на времето, нема крупни инфраструктурни инвестиции и проекти, најголемото иселување го имаме од овој дел на државата од каде тој потекнува, тоа е парадоксот и истовремено и сликата на Зоран Заев. Тој стана најмоќен човек во државата, но најмалце направи за крајот од каде потекнува, односно од каде што граѓаните го избраа за пратеник на минатите избори. Убеден сум дека ќе го победам дома, а тие победи се најслатки, дециден е Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега