Изгоре покривна конструкција на куќа во Мала Речица

 

Покривната конструкција на куќа во тетовска Мала Речица изгоре, откако синоќа избувнал пожар во оџакот од објектот.

Вчера околу 21 часот било пријавено дека се избувнал оган во куќата, по што пожарникарите започнале со интервенција.

– Пожарникарите пристигнале навреме и го лоцирале пожарот. Тој е изгаснат додека траел на покривната конструкција и не се дозволи да се прошири во просториите на објектот. Интервенираа шест пожарникари со три возила. Огнот е ликвидиран целосно за еден час. Нема повредени, туку само материјална штета, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Во текот на зимските месеци најчести се пожарите на неисчистени оџаци или вентилациски системи. Од пожарната и полицијата постојано се апелира оџаците да се исчистат како превенција од пожари.

Во 2019 година од вкупно 700 интервенции на тетовските пожарникари, 78 биле поради запалени оџаци. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега