Чулев на средба со Невенка Стаменковска: Фер избори мора да има
Денес остварив работна средба со Невенка Стаменковска Стојковски, Дополнителен заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација.
На средбата разговаравме за спроведување на кампањата “Фер избори, пријави притисок” и нејзината имплементација во Министерството за внатрешни работи. Ги споделив моите заложби за доследно спроведување на активностите во рамки на институцијата со која раководам и за реализација на кампањата во целост.
Заеднички констатиравме дека притисокот врз вработените од сите сектори не е дозволив и истото треба да биде спречено и соодветно санкционирано.
Стаменковска – Стојковски потенцираше дека Министерството за информатичко општество и администрација интензивно презема активности за информирање и едукација, а ќе постапува и по сите пријави од страна на вработените во јавниот сектор, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа