Јанушев: Неспособноста на владата и Зоран Заев е толку алармантна што почна да се плаќа со здравјето на граѓаните

 

Неспособноста на Владата и Зоран Заев е толку алармантна што почна да се плаќа со здравјето на граѓаните, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев..

„Наместо Министерството за здравство да биде главен заштитник од корона, тоа е најголемиот извозник на вирусот. И за да трагедијата биде поголема, Филипче кога не дели тендери со директорите на клиниките, шири зарази и создава епидемии.

Ништо не остана од “помпезно” најавуваната контрола по граничните премини и на ародромите, системот на владата е “пробиен како решето”, а граѓаните незаштитени.

Пропуштени се цели процедури при справувањето со корона вирусот, а притоа направен е и обид да се “заташка” и сокрие случајот со директорката на клиниката за кожни болести. Според наши информации, правен е притисок до тие што го пријавиле случајот да не креваат паника, иако директорката со денови ширела заразен вирус. И најмалку што во овој случај може да се направи е итна оставка на Филипче.

И сосема на крај, колку да не пропуштам, во однос на листите на СДСМ правени од Заев … тие се дефиниција за истрошени кадри со “путер на главата”. Партијава која деклративно се бореше за женски права, од 6 носители има дури 1 жена, и тоа баш таа со “бонбона бизнис” на главата, или што би се рекло бонбона коалиција за сигурен пораз. Дури и Бранко да правеше листи ќе ставеше повеќе нови луѓе. Одењето напред завршува во провалија за оваа генерација на СДСМ. Што би се рекло “давај друго дете”, напиша Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега