Стоилковски: На скопскиот аеродром нема превентива од корона вирус
Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирусот, а неспособноста на Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Според него, неспособноста во секое поле се пресликува и во здравството, но, како што вели, тука цената е здравјето на граѓаните.
-Потфрла контролата и се прават недопустливи превиди на граничните премини. Доказ дека ова е така, е директорката на Клиниката за кожни болести, пуленката на министерот Филипче, Цаца Биљановска. Таа влегла во државата пред 10 дена без да биде детектирано дека е заболена од корона вирусот, истакна Стоилковски.
Вели дека имаме најмалку еден случај без контрола за вирусот Ковид кој што ја има минато границата тука на Меѓународниот Аеродром во Скопје.
-Се сомневаме дека владата и Филипче кријат и други случаи на пропусти и заболени од корона вирусот. Властите предводени од Заев и од Филипче немаат никаква контрола и пристап кон справувањето и сопирањето на ширењето на опасниот вирус и заради тоа се потребни итни оставки, а работата да ја преземат професионалци. Оставка за Филипче, стоп за неспособната влада, рече Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа