Зеколи: „Рекет“ се случи кога се очекуваше да ја направиме најголемата жртва
Аналитичарот и поранешен амбасадор Арсим Зеколи во гостувањето на Канал 5 во петокот истакна дека власта ја искористила политичката ситуација и процесите што се случуваа во земјата за да се направат големи криминали.
„Рекет се случи токму во времето кога Заев и ДУИ и Али Ахмети и сите бараа од нас, и посебно од Македонците, да поднесеме жртва. Зборувам за процесот во Преспа, преговорите за ЕУ… Господинот Заев ни остана должен одговор. Токму во тој период се одвиваше најголемата пљачка и рекет“, рече Зеколи.
Кога се бараше е Македонците да ја направат најголемата жртва се случи и најголемата пљачка и рекет во историјата на Македонија – изјави Зеколи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа