Гаши: Треба да ја испратиме ДУИ во опозиција и граѓаните Албанци тоа го сакаат
Африм Гаши, претседател на Алтернатива во „Утрински брифинг„ изјави дека привршуваат консултациите со коалицискиот партнер и дека навремено ќе ги завршат сите работи за до среда, кога ќе се одржи состанок на ЦО- највисокиот орган во партијата.
Околу можната коалиција со некоја македонска партија, Гаши вели дека се уште немаат разговарано со ниту еден политички субјект околу ова прашање и дека најбитно им е како коалиција во албанскиот блок победата.
-Тоа е многу битно не само за Албанците, туку и за Македонија воопшто. Ова е битно, затоа што како што знаете, ДУИ е веќе 20 години на власт. После 12 април, треба да ги испратиме во опозиција. И граѓаните Албанци тоа го сакаат. Важно е ние да имаме добра понуда, достоинствен кампања – така и би дошле до оваа победа. На крајот мислам дека бројките ќе кажат се, изјави Гаши.
Околу разликата меѓу концептот „Едно општество за сите“ и „Една држава за сите“, Гаши вели дека концептот „Држава за сите“ е многу подлабок.
-Ние како сите граѓани во оваа држава треба да почнеме да сакаме да бидеме лојални граѓани во државата, а во исто време таа да биде сервис на сите граѓани. Општество за сите е нешто што е надвор од државата. Државата во општеството е само еден елемент. Еден од најбитните, но не е се. Мислиме дека со нашиот концепт, ќе имаме похармонично општество. Општеството за сите треба државата да го гради. Тоа е битно, но суштествена за Албанците, затоа што Албанците и другите заедници немаат против да живеат во вакво општество, они се навикнати и го сакаат ова мултиетничко општество, вели Гаши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа