Десетгодишно девојче пронајдено удавено во водите на Мала река во село Бањица

Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот Фејсбук профил. Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

„Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас. Сочуство до семејството“, напиша Стојановски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега